Пулицер за раперот Ламар и за стории за Вајнстин и Трамп

87
Профимедиа

Раперот Кендрик Ламар ја доби годинашната Пулицерова награда за музика за албумот „DAMN”, прво некласично или џез дело за кое е доделена престижната награда.

Одборот што ги бира наградените соопштил дека албумот на Ламар опфаќа комплексност на афроамериканскиот и американскиот живот. Ламар е пофален за длабоко лирска содржина на исклучителни настапи во живо, изговорените зборови, џез, соул, фанк, поезија и африкански звуци. Неговите албуми станаа уметнички дела во кои раперот има нумери за тоа како е да се биде црнец, за уличниот живот, полициското насилство, издржливоста, преживувањето. Тој стана глас на генерацијата.

„Њујорк тајмс“ и „Њујоркер“ освоија Пулицер за известување од јавен интерес за сториите за Харви Вајнстин и сексуалното вознемирување, што го активираше движењето „И јас“.

Профимедиа

Во областа на новинарството, весниците „Њујорк тајмс“ и „Вашингтон пост“ добија наградаи за национално известување заради осветлувањето на истрагата за можни врски меѓу изборниот штаб на Доналд Трамп и руски функционери.

Пулицеровите награди, најпрестижни во областа на американското новинарство, доделени се на Универзитетот Колумбија. Весникот „Прес деморкати“ од Санта Роса, Калифорнија, е добитник за итна вест – за пожарите што минатата есен ја зафатија Калифорнија, додека пак на агенцијата Ројтерс и се доделени две награди – за меѓународно известување и за фотографија.

Делото на Ендрју Шон Грир, „Less“, освои Пулицерова награда за роман, а наградата за драма ја доби Мартина Макој за „Cost of Living“. Френк Бидарт е добитник на наградата за поезија за делото под наслов „Half-Light“.