Психологија на модата – бои што разведруваат

141
Фото - Принтскрин/Инстаграм/blaireadiebee

Во однос на тоа како се чувствувате, боите навистина би можеле да ви помогнат тоа чувство да го промените на подобро.

Каролин Мајр, член на британското здружение на психолози, меѓу останатото е експерт за модни теми, со кои се занимава и на „Психолоџи фешн“, објаснува како може да се влијае врз расположението со помош на боите.

Доколку сте нервозни – Црвената боја не е за вас. Сината, меѓутоа, е прилично посмирена боја, исто како и зелената, а поврзани се со концептот доверба и сигурност. Доколку пак се чувствувате нервозни, можете да се определите и за виолетови тонови, со оглед на тоа што поседуваат во себе нијанса на црвена, но помалку е застапена, па така ќе може да ја добиете топлината што ја сакате, но без претерана енергија којашто може да биде вознемирувачка.

Доколку сте тажни – Црвената е можеби најенергичната боја, при што има истражувања кои што тврдат дека дури и го поттикнува пулсот. Но, она што со сигурност е точно е дека црвената боја помага при подобрување на расположението кај човек веднаш по станување, наутро.

Доколку сте уморни – Најдобра боја во овој случај е портокаловата. Оваа боја со себе ја носи енергијата на црвената боја, но со оние среќни, весели асоцијации на лето. Меѓутоа, целосен стајлинг во овој тон сепак би можел да биде претерано, заради што се советува облеката со портокалова боја да се комбинира со парчиња облека во други бои.

Доколку сте лути или сте под стрес – Во таков случај, повторно се препорачува да се избегнува црвената боја, со оглед на тоа што се смета дека поттикнува нервоза, па дури и бес. Сепак е во прашање многу страствена и сензуална боја. Испробајте некои парчиња гардероба во нијанси на сина, зелена или беж, поточно оние понежни и посмирувачки бои. На пример, кралско сината не е многу светла, а од друга страна е ведра и може да ви помогне да се чувствувате урамнотежено.

Зелена е најпријатна – Холандски научници тврдат дека зелената боја обезбедува убаво расположение, како за личноста што е облечена во зелено, така и за луѓето во опкружувањето. Пријатноста што ја создаваат зелените нијанси доаѓа од природата, која во луѓето буди мир и задоволство, објаснува Леатрис Измен, експерт за бои. Лицата кои носат зелена облека обично водат активен, јавен живот, живеат во фини населби и финансиски се стабилни. Нежни се и љубезни.

Црна – индикатор за престиж и моќ. Бојата всушност го открива вашиот карактер – тврди стилистот Дејвид Зајла. Црната е боја која се сфаќа многу сериозно, објасува Карен Хелер. Според психолошките истражувнања, црната боја луѓето ја гледаат како индикатор за престиж, моќ, сериозност и интелигенција. Луѓето кои преферираат црна боја се амбициозни, но и чувствителни, многу е лесно да ги повредите, иако со сета сила се трудат да го сокријат тоа.