Пржени лепчиња во чоколада и со шлаг

На едното парче ставете го исецканата чоколада, а на другото ставете џем, пенести бонбони, путер од кикиритки...

82
Принтскрин

Состојки:
2 парчиња леб
3 јајца
1 ќесичка мешавина за топла чоколада
½ шолја млеко
1 помало млечна чоколада
пенести бонбони или крем по избор, или можеби џем или мармелад
масло
шлаг

Подготовка:
Сматете ги јајцата, млекото и мешавината за топла чоколада. Згрејте го маслото во тавче, а парчињата леб натопете ги во претходно подготвената смеса, а потоа спуштете ги во врелото масло и испржете ги од двете страни, околу две минути.
Потоа на едното парче ставете го исецканата чоколада, а на другото ставете џем, пенести бонбони, путер од кикиритки…

Спојте ги двете парчиња и пржете сè додека состојките помеѓу не се растопат целосно. А потоа, извадете ги и сервирајте со шлаг.