Принцеза како рок ѕвезда

339
Фото - Профимедиа

Откако преубавата Шарлин, поранешна пливачка од Јужна Африка, се омажи за Алберт Втори, принцот од Монако, таа стана центар на медиумски интерес, а нејзините модни комбинации се и тоа како залсужни за тоа.

Српски „Ел“ забележа дека Шарлин, сопруга на синот на прочуената Грејс Кели, со своето однесување, со своите манири и ненадминат стил ги следи стапките на славната глумица.

Специфична во секоја смисла

Нејзиното недамнешно појавување на ревијата на брендот „Акрис“ во Париз го одбележа комбинација „ол блек“, односно се што носеше оваа дама на себе беше во црна боја. Таа беше специфична во секоја смисла.

Имено, шармантната русокоса, која често ја споредуваат со актерката Шарлиз Терон, избра грациозна црна креација, составена од две парчиња со различни текстури.

Едниот дел беше мини црн фустан со топ во горниот дел, изработен од свила, надополнет со вториот дел – чипкан, провиден фустан со долги ракави и миди должина.

Целокупната комбинација остави многу грациозен и незаборавен впечаток, што дополнително беше засилен со бунтовен момент – кожена јакна.
Стајлинг којшто е елегантен, но и остар и во исто време заокружен со црни салонки на нозете.

На лицето пак, принцезата од Монако имаше многу блага шминка во портокалови тонови, а на усните имаше сјај наместо кармин.

Кога се во прашање обектите – се одличи за едноставни сјајни циркони. Кратко потстрижаната коса ја носеше во нерамномерен патец, исчешлана зад ушите.

Принцезата Шарлин од Монако веќе со години важи за нова модна икона на кралскиот дворец. Никој не може да соатен рамнодушен на нејзината грациозност и убавина, а таа со тек на времето се потруди тоа и да го истакне, со својот феноменален, но и поприлично неформален стајлинг, ако се земе предвид дека таа е принцеза и дека кога е во прашање таков лик, постојат и одредени правила и очекувања од неа.