При развод, кучињата ќе се третираат како деца

139

Според нов закон во Калифорнија, судовите имаат право да ги третираат домашните миленичиња како заедничка сопственост на разведени брачни другари, па за старателство над кучињата (можеби и за мачките), ќе се одлучува на ист начин како и за децата.

Гувернерот на Калифорнија, Џери Браун, го потпишал новиот закон, а тој стапува на сила на 1 јануари.

Судиите во текот на постапката ќе одлучуваат на кого ќе му припадне домашното милениче, врз основа на тоа кој го храни миленикот, кој го носи на прошетки и на ветеринар, како и тоа кој од брачните другари го чува подобро.

– Мислам дека ова е добра идеја. Лично јас имам кученце и тој ни е како член на семејството – изјавила Меган Грин, адвокат од Лос Анџелес, која неодамна се соочила со случај во кој парот што се разведувал, биел битка за домашното милениче.