MагазинЗдравје

Предупредување: Од гледањето на омилената серија може да добиете тромб!

Профимедиа

Гледањето на серијата една епизода по друга, односно гледањето телевизија дури и по неколку часа без прекин, може да биде многу опасно за вашето здравје, па лекарите апелираат до сите луѓе кои тоа секојдневно го прават дека е крајно време да најдат друг хоби.

Венската тромбоемболија, односно крвното грутчување кое често настанува во вените на нозете, е поврзано со долготрајните часови поминати во седечка положба.

Може да дојде и до смрт

Тој може да „патува“ и влијае на циркулацијата во белите дробови. Тогаш доаѓа до белодробна емболија, состојба кога згрутчувањето ги спречува белите дробови да го земаат кислородот кој им е неопходен. Тоа може да ги оштети, а може да биде и смртно опасно. Исто така, тромбот може да се создаде и во артериите и да отиде во мозокот, што за последица може да има мозочен удар.

И физички активните може да заболат

Истражувањата покажале дека долготрајното гледање ТВ-програма и појавата на венската тромбоемболија се поврзани. Штетното влијание на долготрајното гледање во екранот на телевизорот, но и на компјутерот, останува непроменет дури и ако личност во текот на денот многу се движи, бидејќи со седењето се забавуваат сите процеси во организмот, крвта не протекува по крвните садови како што би требало и тука доаѓа до голем проблем.

Препознајте ги симптомите

Пожелно е да знаете да ги препознаете шесте знаци на предупредување кои упатуваат на создавањето на тромбот, бидејќи тие може да бидат многу слаби и лесно да се превидат па да се случи да, додека да посетите лекар, веќе да биде доцна.

1. Отекување на едниот екстремитет. Подуената нога или рака е еден од најчестите знаци на тромб. Крвното згрутчување го блокира нормалниот протек на крвта во нозете па крвта се таложи околу тромбот предизвикувајќи отоци.
Отоците на нозете лесно се воочуваат кога долго мирувате или по летањето со авион, но посебно внимание обрнете на отокот кој се појавил брзо, особено ако покрај него се јавила и болка.

2. Краток здив или тркачко срце. Крвното згрутчување во белите дробови го забавува протекот на кислородот, а кога нивото на кислород е ниско, срцето се обидува тоа да го надомести така што го забрзува работењето, односно пулсот. Ако чувствувате треперење во градите и имате проблеми да вдишете длабоко, можеби телото ви праќа предупредување дека имате крвно згрутчување во белите дробови. Исто така, може да почувствувате вртоглавица или да се онесвестите. Побарајте помош од лекар, особено ако симптомите дојдат ненадејно.

3. Болка во градите. Кога ќе се појави болка во градите, повеќето луѓе помислуваат на срцев удар, но тоа, всушност, може да биде и симптом на белодробна емболија. Двете состојби имаат слични симптоми, но болката кај белодробната емболија е поостра, прободувајќи и интензивирајќи се со длабокиот здив.
Од друга страна, болката која го најаува срцевиот удар често вклучува и болка во рамениците, вилицата и вратот. Во кој било од овие два случаи, задолжително повикајте Брза помош.

4. Болка во раката или ногата. Тромбот обично доаѓа заедно со симптомите како оток и црвенило, но некогаш тие изостануваат. За жал, болката која е предизвикана од крвното згрутучување лесно се заменува со грч во мускулот или истегнувањето, поради што тој често не е дијагностициран и може да предизвика опасни последици.
Болката предизвикана од тромб обично се јавува додека чекорите или кога ќе го истегнете стапалот нагоре. Ако имате грчеви во мускулите кои не можете да ги опуштите, а покрај тоа и кожата во тој дел е топла и со поинаква боја, што побрзо одете кај лекар.

5. Црвени линии на кожата. Иако е вистина дека дури и модринките се вид на крвно згрутчување, тоа не е причина за паника. Модринките ја менуваат бојата, а кај тромбот тоа обично е само црвена боја, и тоа во линии, на местото каде што се наоѓаат вените. Исто така, раката или ногата се жешки на допир.

6. Необична кашлица. Ако не можете да престанете да кашлате, а попатно имате и краток здив, висок пулс или болка во градите, можно е во прашање да е белодробната емболија. Кашлицата е сува, но луѓето понекогаш искашлуваат крв и слуз, откриваат лекарите. Ако се сомневате дека ова е случај кај вас, итно посетете лекар.

Подготви: K. A.