Предмети на За За Габор продадени за речиси милион долари

61
Профимедиа

Стотици разни костими и предмети што и припаѓале на американската актерка За За Габор продадени се на аукција за 909.209 долари.

Од „Хертиџ аукшнс“ соопштиле дека портретот на актерката, направен од уметницата Маргарет Кин, е продаден за 45.000 долари, а златниот ѓердан со дијаманти, со слоганот на актерката (дах-линг), е продадена за 20.000 долари. На онлајн аукцијата биле продадени ракописи, фотографии и други предмети на актерката.

За За Габор, мис на Унгарија во 1936 година, емигрирала во САД во 1941 година. Имаше повеќе од 60 улоги, меѓу кои и оние во филмовите „Мулен руж“ на Џон Хјустон и „Допир на злото“ на Орсон Велс. На јавноста и беше попозната по бурниот живот и многубројните бракови, отколку по филмските достигнувања.

Почина во 2016 година, два месеца пред 100-тиот роденден.