Познатиот моден бренд „Гучи“ мораше да се извини за волнениот џемпер ФОТО

Џемперот од црна волна го покрива носот и има црвен израз на уста, што на социјалните мрежи беше исмејувано како нечувствителна и расистичка работа.

121
Принтскрин/Гучи

Познатиот моден бренд „Гучи“ се извини вчера за волнениот џемпер, кој наликува на „црномуресто лице“ и соопшти дека производот е повлечен од нивните онлајн понуди и од продавниците.

Во соопштението „Гучи“ наведе дека е посветен на различностите и смета дека тоа е „фундаментална вредност која треба целосно да се поддржи, да се почитува при секоја одлука која ја донесуваме“, пренесе АП.

Џемперот од црна волна го покрива носот и има црвен израз на уста, што на социјалните мрежи беше исмејувано како нечувствителна и расистичка работа.

„Сметаме дека разновидноста е фундаментална вредност што треба да ја негуваме и почитуваме, и секоја одлука која ја донесуваме треба да ја темелиме на тоа. Ние сме целосно посветени на почитувањето на различноста во нашата организација и на претворањето на овој инцидент во една лекција за целиот колектив на „Гучи““, соопштиле од италијанскиот моден бренд.

Фото: Принскрин

Poznati modni brend Guči se izvinio zbog vunenog džempera

Фото: Принтскрин/Твитер