Познатата дизајнерка реши дека се повлекува од модниот свет

412
Фото ЕПА/Емилио Наранхо

Позната е по своите препознатливи дизајни на модните колекции и по беспрекорните мириси и пакувања на парфемите. Каролина Херера реши да се повлече од модниот дизајн.

Таа своето место на креативен директор на брендот го препушти на Вес Гордон, кој досега беше консултант, а Херера останува глобален амбасадор на брендот. Од таа позиција, дизајнерката ќе може да поминува повеќе време со децата и внуците.

За оваа одлука, таа рекла: „Не се пензионирам, само одам напред!“

Нејзините дизајни ги носеле многу познати жени од шоу-бизнисот и политиката, но и поранешните први дами Џеки Кенеди и Мишел Обама.