Посна торта Шварцвалд

Во водата го растопуваме шеќерот, го додаваме маслото, брашното промешано со сода бикарбона, какаото и џемот.

227
Kurir.rs/Thinstock

Состојки:
Кора:
600 г шеќер
800 мл вода
25 полни лажици брашно
4 лажици какао
8 лажици масло
6 лажици џем по вкус
4 лажици сода бикарбона

Фил:
600 г вишни
300 г шеќер
100 мл вода
300 гр посен шлаг
100 г посна чоколада за готвење

Подготовка:
Во водата го растопуваме шеќерот, го додаваме маслото, брашното промешано со сода бикарбона, какаото и џемот. Добро ги соединуваме и го делиме тестото на три дела.
Корите се печат секоја посебно, во правоаголно тавче со димензија 30×40 на 180 Целзиусови степени околу 30 минути. Печените кори ги оставаме да се изладат пред да ги филуваме.

Ги вариме вишните со шеќерот и водата. Ги процедуваме, но течноста не ја фрламе. На првата кора ги редиме сварените и процедени вишни. Матиме шлаг со водата, а потоа во третина од него додаваме чаша оладен сок од сварените вишни. Со ова ги премачкуваме вишните па ја ставаме другата кора. Втората кора ја мачкаме со шлаг, ја покриваме со третата кора и целата торта ја премачкуваме со остатокот од шлагот.