Последна почит: Јавно изложено телото на Френклин во Детроит (ВИДЕО)

Во следните два дена се очекува илјадници фанови да и оддадат последна почит на кралицата на соул музиката Арета Френклин во нејзиниот роден град Детроит, каде нејзиното тело е изложено пред јавноста.

347
Фото Профимедиа

Во следните два дена се очекува илјадници фанови да и оддадат последна почит на кралицата на соул музиката Арета Френклин во нејзиниот роден град Детроит, каде нејзиното тело е изложено пред јавноста.

Френклин почина пред речиси две недели, а ќе биде погребана в петок.

Телото на Френклин од денеска е изложено во Музејот на афроамериканската историја, каде во 2005 година исто така било изложено и телото на активистката за граѓански права, Роса Паркс.

Во Детроит е прогласена една недела жалост.

Телото на Френклин во нејзиниот роден град пристигна во бел ретро кадилак, во златен ковчег. Илјадници фанови веќе чекаат во редици за да и оддадат последна почит на кралицата на соулот.

Арета Френклин беше глобална ѕвезда чиј глас ќе биде запаметен по светот, но секогаш нагласуваше дека нејзиниот дом е во Детроит.

Локацијата за јавното оддавање почит е избрана не само поради тоа што Детроит е нејзиното родно место, туку и поради тоа што објектот на музејот овозможува посета на илјадници луѓе.

Погребот ќе биде в петок, а меѓу говорниците е и поранешниот американски претседател Бил Клинтон.