После три години го пронајде своето милениче: Човек од Белград не може да ги запре солзите ВИДЕО

Сопствениците биле идентификувани со помош на вградениот чип, а после три години, Ема е повторно дома.

948
Принтскрин/Фејсбук

Кога пред три години исчезнало кучето Ема, нејзините сопственици биле скршени. Ја барале насекаде, но никаде ја немало, се до денеска, кога повторно се сретнаа.

Никој не знае што се случувало со неа откако ја снемало, но едно од здруженијата за заштита на животните ја прибрало од улица, по дојава од граѓанин дека има куче кое изгледа како да е домашно.

Сопствениците биле идентификувани со помош на вградениот чип, а после три години, Ема е повторно дома.

Ова куче е едно од многуте на кои им се губи трага, но ја имало среќата да налета на совесни луѓе кои веднаш се ангажирале за пронаоѓање на нејзините сопственици. Таа сега има мал здравствен проблем, но тие веруваат дека ќе се изборат со тоа, посебно сега кога е повторно со луѓето кои ја обожаваат.