Посен ролат со туна

Обландата ставете ја меѓу две влажни крпи да омекне додека го подготвувате филот.

96
Профимедиа

Состојки:
1 лист обланда
2 конзерви туна, исцедени од маслото
3 поголеми кисели краставици
3-4 варени моркови
100 г пченка
2 лажички препржен сусам
100 г маргарин, разматен
сол, црн пипер, кечап

Подготовка:
Обландата ставете ја меѓу две влажни крпи да омекне додека го подготвувате филот. Туните исцедете ја од маснотијата, потоа додадете го изматениот маргарин и сето заедно измиксирајте го.

Додадете ги сечканите краставици, морковите, пченката и препржениот сусам. Сето заедно соединете и со филот премачкајте ја омекнатата обланда, а потоа свиткајте ја во ролат. Ролатот оставете го 2 часа во фрижидер да се стегне и пред да го исечете ролатот, украсете го со кечап по желба.