Поради болест, Шерон Стоун три години не можела ни да се потпише

729

Славната ѕвезда од 90-тите, по долга пауза од Холивуд се враќа на филмската сцена се неколку нови улоги. Таа престана да глуми поради сериозни проблеми со здравјето.

Во 2001 година таа претрпе мозочен удар, поради кој со години закрепнуваше. Како што вели, морала да научи одново и да оди и да пишува и да чита.

Дури и лекарите не биле оптимисти, најпрво дека воопшто може да преживее, а потоа и дали ќе може да закрепне. Целата лева страна ѝ била парализирана. Сепак, најголем проблем со кој се соочила по мозочниот удар, била тешкотијата за паметење, поради што не била способна да запамети ни три реда од нова улога.

Aктерката вели дека целиот тој период бил како да се лечи од тешка болест, по која излегла како победник.

Сепак, сето тоа е надминато и Стоун можеме да ја гледаме во новата серија „Мозаик“.