Понуда за Свети Валентин: Именувајте лосос по бившиот партнер и фрлете го на мечките

Секој заинтересиран посетител може да именува лосос со името на поранешниот партнер и да добие фотографии како со истата риба се хранат двете кафеави мечки кои живеат во едукативниот центар.

82
Илустрација

По повод Денот на вљубените, во едукативен центар во Орегон им се нуди на клиентите уникатна можност да се одмаздат барем малку на некој кој ги повредил.

Секој заинтересиран посетител може да именува лосос со името на поранешниот партнер и да добие фотографии како со истата риба се хранат двете кафеави мечки кои живеат во едукативниот центар.

Цената е 20 долари за риба, а заинтересираните клиенти ќе го имаат задоволството да знаат дека рибата со името што им создава нервоза е комплетно уништена од мечките Коди и Јак, мечките за кои всушност се собираат донации.