Полнети компири со сирење и павлака

Компирите варете ги најмалку 30 минути на слаб оган. Кога компирите ќе се сварат, пресечете ги на половина по должина.

411
Профимедиа

Состојки:
4 поголеми компири
150 г сирење
1 јајце
сечкан магдонос
1 лажица кисела павлака
црвена пиперка
50 г путер
црн пипер и сол

Подготовка:
Компирите варете ги најмалку 30 минути на слаб оган. Кога компирите ќе се сварат, пресечете ги на половина по должина. Ако е потребно, засечете малку од долната страна за да можат половинките рамно да стојат. Со лажица внимателно издлабете дупка во секоја половинка од компирот.
Подгответе фил, така што со вилушка ќе изгмечите сирење, ќе додадете павлака, јајца, магдонос, малку црн пипер, сол и сечкана пиперка, па добро сето тоа ќе го измешате.
Подредете ги компирите во сад за печење и со лажица наполнете ги со филот. Меѓу компирите ставете путер или маргарин.
Печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.