Полицијата со змија околу врат го испрашувала дали крадел (ВИДЕО)

На видеото се гледа како осомничениот немоќно вика со раце врзани на грб додека полицаецот кон неговото лице ја турка змијата.

261

Индонезиската полиција се извини и вети дека ќе преземе дисциплински мерки против своите вработени откако во јавност излезе видео на кое се гледа како полицајци на осомничен околу врат му ставаат жива змија настојувајќи да го натераат на признание за кражба на мобилен.

На видеото се гледа како осомничениот немоќно вика со раце врзани на грб додека полицаецот кон неговото лице ја турка змијата.

„Колку пати си крадел мобилни“ го прашува полицаецот осомничениот кој на земја се грчи и одговара во страв: „само двапати“.

Полицаецот не се откажува и му се заканува на осомничениот дека змијата ќе му ја стави во уста и во гаќи.