Полицијата бара ДНК од Роналдо поради истрагата за силување

Роналдо за сексуален напад го обвини Кетрин Мајорга, па сега се бара неговата ДНК за се спореди со примерокот од фустанот кој ѝ припаѓа на жртвата.

Фото: Твитер/Принтскрин

Американските власти издале налог за земање ДНК примерок од фудбалерот Кристијано Роналдо поради обвиненијата за силување во Лас Вегас во 2009 година.

Роналдо за сексуален напад го обвини Кетрин Мајорга, па сега се бара неговата ДНК за се спореди со примерокот од фустанот кој ѝ припаѓа на жртвата.
Американците налогот го испратиле на италијанските власти имајќи предвид дека Роналдо од оваа сезона игра за торинскиот Јувентус.

Адвокатот на Роналдо издал соопштение дека неговиот клиент тврди дека она што се случило во хотелската соба во Лас Вегас билао на доброволна база и дека нема да има изненадување ако неговата ДНК биде присутна, како и дека тоа е стандардно барање на полицијата во ваквите истраги.

Полицијата во Лас Вегас ја отвори истрагата на барање на Кетрин Мајорга пред неколку месеци, набрзо откако Роналдо премина од Реал во Јувентус за 100 милиони евра и доби годишна плата од 30 милиони.

Кетрин тврди дека Роналдо ја силувал во соба во хотелот во Лас Вегас откако се запознале на забава, а дека потоа била принудена да потпише спогодба за тајност во 2010 година, за што ѝ биле исплатени 375.000 долари.

Во новата тужба бара општа отштета, посебна отштета, казнена отштета и специјални олеснувања, за повеќе од 50.000 долари заедно со каматите, хонорарите на адвокатите и судските трошоци.