Почина најстарата јутуберка во светот

110

Почина една од најстарите јутуберки, сто и седум годишната Мастанама од јужна Индија јавува Би-би-си. На платформата „Јутуб“ таа се прослави со своите кулинарски вештини, најчесто готвејќи локални и необични јадење, почнувајќи од нула.
Нејзиниот канал на Јутуб, „Кантри фудс“, има повеќе од милион претплатници, и стотина видеа во кои готви, а најпознатото и најгледано видео е кокошка со лубеница.
Нејзиниот канал, управуван од нејзиниот внук и неговите пријатели, беше направен во 2016 година и веднаш направи „бум“ во интернет светот. Многу често, во своите видеа, таа стои и готви на сред поле во далечно село во Индија, со минимална опрема за готвење. Најчесто ги користела своите прсти и нокти за лупење зеленчук како и стар индиски нож за сечење. Храната била сервирана на традиционален јужно-индиски лист од банана.

Во интервју за Би-би-си таа изјавила дека е родена во село во Индија во државата Андхра Прадеш и дека верува дека има сто и шест години, но не била сигурна бидејќи нема извод на родени.

Веста за нејзината смрт на социјалните медиуми се рашири со голема брзина и многу од нејзините фанови ги поставуваа нејзините рецепти на социјалните медеиуми, со цел да и одадат почит.

Фановите ја препознаваа како бабичката без заби, а нејзниот рецепт за локлна риба со кари, модар патлиџан и луто е меѓу најпознатите рецепти.