Почина „книговодителот“ од Аушвиц

66
Фото - Принтскрин/Јутјуб

Поранешниот нацистички стражар и осуден воен злосторник Оскар Гренинг, познат како „книговодителот од Аушвиц“, почина на 96 години, во болница.

Во 2015 година Гренинг беше осуден на четири години затвор заради соучество во убиството на 300.000 Евреи, но никогаш не почна да ја отслужува казната заради серија на жалби на пресудата.

Неговата работа во Аушвиц била да ги сортира и проценува парите и скапоценостите одземени на новодојдените луѓе во логорот, кои подоцна биле убивани или изложени на робовски труд.

Оскар Гренинг почнал да работи во Аушвиц кога имал 21 година. При судењето, тој изјавил дека бил сведок на масовни убиства, но негирал дека имал директен удел во геноцид.
Се смета дека е еден од последните што биле обвинети за злосторствата во Аушвиц.