Почина данскиот принц Хенрик: Се ожени со кралица, но не стана крал!...

Почина данскиот принц Хенрик: Се ожени со кралица, но не стана крал! ФОТО

415
SHARE
Профимедиа

Принцот Хенрик, сопруг на данската кралица Маргарета Втора почина во 84-тата година од животот по тешката болест, потврдено е од палатата.

– Неговото кралско височество принцот Хенрик почина во вторникот, 13 февруари во 23:18 во дворецот Фреденсборг, стои во официјалното соопштение. Принцот од болницата, во која бил од крајот на јануари поради тешкото воспаление на белите дробови, го преселиле во кралската палата недалеку од Копенхаген за своите последни денови да ги помине дома. Во моментот на смртта покрај него биле неговата сопруга кралицата Маргарета Втора и нивните двајца синови.

Не сака да биде погребан до сопругата

Принцот Хенрик, со полно име Хенри Мери Жан Андре де Лаборде де Монпезат, е роден во Франција, недалеку од Бордо, а се венчал со Маргарета Втора во јуни 1967 година, кога таа била прва во линијата за круната. Кралица станала во ноември 1972 година и Хенрик тогаш не го криел своето разочарување што целиот живот останал принц, наместо сопругата да му овозможи да носи титула на крал.

Од своите должности се пензионирал во 2016 година, а лани успеал да изјави дека не сака да биде погребан покрај својата сопруга, бидејќи никогаш не го направила рамноправен. Кралските двојки секогаш се погребани заедно во катедралата Роскилде, западно од Копенхаген.

– Ако сака да ме погребаат со неа, ќе мора да ме именува за крал и точка. Не ме интересира. Мојата сопруга одлучи дека сака да биде кралица и јас сум среќен од нејзината одлука. Но, како личност, таа мора да знае дека кога маж и жена се во брак, тие се еднакви. Мојата сопруга не ми покажа почит какво што „обична“ сопруга би му покажала на својот партнер – изјави лани за Се ог Хор“ и додаде дека од него направила будала, бидејќи не му доделила титула на крал. Всушност, традиционално е сопругот на кралицата да не носи титула на крал, туку на принц. На пример, сопругот на кралицата Елизабета Втора принцот Филип исто така носи титула на принц, а не на крал.

Деменција и воспаление на белите дробови

Неколку месеци потоа од данскиот кралски двор открија дека му е дијагностицирана дименција, а поголемите здравствени проблеми почнаа кон крајот на јануари кога итно бил вратен од патувањето во Египет поради тешко воспаление на белите дробови. Дека ситуацијата е сериозна станало јасно кога неговиот син принцот Фредерик во петокот, 9 февруари, ги напуштил Зимските олимписки игри и побрзал дома за да биде со својот татко.

Опасна кралица

Кралицата Маргарета Втора и принцот Хенрик добија две деца во својот брак: крунскиот принц Фредерик (49) и принцот Хоаким (48), а таа во Данска е популарна, бидејќи студирала на Кембриџ и Сорбона, зборува пет јазици, креира облека, сликарка е и преведувачка како и страсна пушачка, а под псевдонимот Ингахилд Грахмер го илустрирала данското издание на трилогијат „Господар на прстените“.

Подготви: K. A.

ФОТО: Профимедиа

Image result for kraljica Margareta II princ Henrik profimedia

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY