Пилот на денот (ВИДЕО)

291

Пилот со неверојатен маневар спаси скијач кој претрпел сериозна повреда на ногата на француските Алпи.

Со оглед на тоа што несреќата се случила на голема надморска височина, спасувањето можело да биде извршено само со хеликоптер.

Но, поради стрмниот терен, леталото не можеше да биде приземјено, па пилотот го приближи хеликоптерот толку многу, што изгледаше како да има удрено во планината.

На крајот, пред се благодарение на неверојатните маневарски способности на пилотот, скијачот беше спасен и веднаш беше пренесен во  болница.