Одлично издание на Моден викенд Скопје 2018

63

Со ревиите на „Error Kolektiv“, Сара Реџиќ и Александра Јовановска во „Скопје Мериот хотел“ на 4 ноември заврши осумнаесеттото издание на Моден викенд Скопје за сезоната есен-зима 2018/2019.

„Error Kolektiv“ е заедничка хармонија на индивидуалното. Простор во кој „ATAMI“, „Em Ellephantski“ и „[0.10] error of harmony“ градат едно.

Сара Реџиќ ја претстави својата колекција „Феникс“ за која вели „Постојат различни верувања за птицата Феникс. Опишан е како златна или шарена птица. Според некои составен е од најубавите делови од сите птици во светот и сметаат дека е најубавата птица што некогаш постоела. За мене е најинтересен фактот што Фениксот е бесмртен и секој пат повторно се раѓа од пепелта. Не се базирам на модните трендови, сакам безвременски парчиња кои и денес и после 10 години ќе изгледаат убаво.“

Есенското издание на Моден викенд Скопје заврши со ретроспективната ревија на Александра Јовановска и колекцијата „Архетип“ која е сублимат од нејзиното десетгодишно творештво како моден дизајнер. За сценографијата беше задолжена Екатерина Намичева а избраните песни на македонскиот бенд „FUNK SHIU“.

– Инспирациите во модните колекции се произлезени од лични доживувања и искуства, најчесто теми поврзани со идентитетот, традиција и културата, социјални и политички актуелности, историски интереси поврзани со земјата на живеење, еротската уметност, како и емоционални, семејни доживувања, модно преведни во рачно сликани мотиви, везови и детали изработени со рециклирање и реставрирање на текстил – рече Јовановска.