Од Фејсбук дале 20 милиони долари за патувања и телохранители за Закерберг

Од Фејсбук дале 20 милиони долари за патувања и телохранители за Закерберг

90
SHARE
Профимедиа

Основачот и извршен директор на Фејсбук, Марк Закерберг, лани земал плата од само 1 долар на годишно ниво, но компанијата што ја води потрошила дури 9 милиони долари за негова безбедност и приватни авиони.

Нови, јавни информации доставени до американските регулатори, покажале дека Фејсбук значително ја зголемил сумата што се потрошила на обезбедување на Закерберг во 2017 година – 7,3 милиони долари само лани. Фејсбук исто така имал и трошоци од 1,5 милиони долари за користење на приватен авион за потребите на Закерберг.

За споредба, во 2016 година трошоците за обезбедување на основачот на Фејсбук изнесувале 4,8 милиони долари, додека трошоците за користење на приватен авион во 2016 година изнесувале 870.000 долари.

Според информацијата, компанијата Фејсбук потрошила вкупно 20 милиони долари за лично обезбедување и патувања на Марк Закерберг од 2015 година наваму.

Од Фејсбук, трошоците ги правдале со образложение дека морало да се обезбеди соодветна заштита заради појава на специфични закани по безбедноста на Закерберг, заради неговата позиција на основач и директор.

– Ги преземаме одредените мерки на безбедност во корист на компанијата, заради важноста на господин Закерберг за Фејсбук – посочиле од компанијата.

Трошоците за патување со приватен авион вклучувале плаќања за гориво, екипаж и кетеринг. Фејсбук плаќа и за телохранители и безбедносни системи во резиденцијата на Фејсбук, било наведено во документите доставени до американските регулатори.

Богатството на Марк се проценува на околу 70 милиони долари и тој постојано е на листите на најбогати луѓе во светот.

Си-ен-ен бележи дека не е нетипично за компании да покриваат ваков вид на трошоци за извршни директори од калибарот на Закерберг. „Епл“ на пример, неодамна побара нејзиниот шеф, Тим Кук, да патува со приватен авион „на секоја бизнис средба или посета од личен карактер“. Од „Епл“ потрошиле околу 317.000 долари за обезбедување и патувања на Тим Кук во 2017 година.

Фејсбук исто така ги покривал трошоците и за Шерил Сендберг, главниот оперативен директор на компанијата, популарен автор и говорник. Лани за обезбедување на Шерил биле потрошени 2,7 милиони долари. Таа плус земала плата, бонуси и акции во вредност од 22,5 милиони долари.

Деновиве компанијата Фејсбук е вплеткана во контроверзија за тоа како се справува со сензитивните информации што ги собира од своите 2 милиони корисници. Скандалот со Фејсбук и Кембриџ аналитика изби минатиот месец, кога беа објавени натписи дека има злоупотреба на лични податоци на околу 87 милиони корисници.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY