Новогодишна елка со нутела и бадеми ВИДЕО

Загрејте ја рерната на 220 степени, а плехот обложете го со хартија за печење (мрсна хартија).

149
Принтскрин/Јутјуб

Состојки:
2 листа лиснато тесто
30 грама нутела (или кој било друг еурокрем)
30 грама парчиња бадеми (или лешници)
1 жолчка
шеќер во прав

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 220 степени, а плехот обложете го со хартија за печење (мрсна хартија). Со помош на нож исечете ги двата листа лиснато тесто во облик на новогодишна елка. Од вишокот на тестото направете облик на ѕвезда за подоцна да го украсите врвот.

Преку едниот лист од лиснатото тесто рамномерно распоредете ја нутелата и посипете ги бадемите, па сето покријте го со другиот лист од лиснатото тесто.

Од двете страни на елката, оставајќи го центарот недопред, исечете прорези на лиснатото тесто, правејќи помеѓу нив растојание од еден сантиметар. Добиените ленти од лиснатото тесто свртете ги два пати на едната страна.
На врвот на елката ставете ја ѕвездата, тестото премачкајте го со жолчката од јајцето со малку вода, па печете 20 минути.

Дeкорирајте ја елката со шеќер во прав.