Норвешка го отвора првиот подводен ресторан во Европа

364
Фото - Принтскрин/Јутјуб

Европа наскоро ќе го добие првиот подводен ресторан, на длабочина од пет метри.

Дизајниран од компанијата „Снохета“, ресторанот ќе се вика „Андер“, а според најавите изградбата треба да биде готова на почетокот на 2019 година.

Ресторанот е осмислен така што ќе изгледа како да тоне под вода и ќе може да собере околу 100 гости. Според дизајнот, ќе има масивен панорамски прозорец што ќе доминира.

Целта на ресторанот е да им се овозможи на гостите да уживаат во флората и фауната на морето.