Невеста уапсена на денот на венчавката

Невеста уапсена на денот на венчавката

388
SHARE
Youtube/Screenshot/ABC15 Arizona

Една невеста од Америка ќе го памти целиот живот денот на сопствената венчавка, но не како еден од најубавите денови во животот, туку како ден кога со лисици на рацете завршила во притвор.

Фотографијата на невестата од Феникс во американската држава Аризона, во долг, бел фустан и со лисици на рацете, ги обиколи САД. Фотографијата не ја направила професионален фотограф задолжен за „фаќање“ романтични моменти, туку полицијата.

Како што е соопштено од полицијата, 32-годишната Амбер Јанг во понеделникот седнала во автомобилот и тргнала кон матичарот. Меѓутоа, зад воланот не седнала трезна.

На патот кон младоженецот, невестата успеала да предизвика судир во кој биле оштетени три автомобили, а една личност била повредена.

По полицискиот увид, Амбер била приведена, а со анализата е утврдено дека во крвта имала далеку повеќе алкохол од што е дозволено.

Во полицијата рекле дека голема среќа е што во судирот била повредена само една личност и дека се можело да се заврши многу полошо.

Против жената била покрената пријава, а по извесно време била пуштена од притворот.

Не е, меѓутоа, познато дали пристигнала навреме да го изговори судбоносното „да“, пишуваат американските медиуми.

Подготви: K. A.

 

 

 

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY