Не спијте со врзана коса, ја оштетувате повеќе отколку што мислите

Токму врзаната коса за време на спиење е еден од најголемите причинители на алопеција во делот на залистоците, зад ушите и на тилот, делови каде косата е најзатегната.

29
профимедиа

Иако ви е попрактично да си легнете со врзана коса, помислете само колку влакна ви се откорнуваат и кинат во текот на ноќта поради триењето со перницата.

Пред сè, добро би било доколку и преку ден ја носите врзана, да ја пуштите кога сте дома и кога спиете, за да се одмори темето и да се смири развлеченоста на кожата.

Токму врзаната коса за време на спиење е еден од најголемите причинители на алопеција во делот на залистоците, зад ушите и на тилот, делови каде косата е најзатегната.

Доколку ви пречи пуштената коса врзете ја во лабаво опавче и задолжително користете козметика наменета за зацврстување на влакното.