Најсјајната комета оди кон Земјата

221

Најсјајната комета, наречена 46P/Wirtanen, наредната недела ќе мине покрај Земјата и тоа ќе биде една од 10-те најблиски средби со таков вид на небесно тело од 1950 година, и меѓу 20-те најблиски од деветтиот век.

Како што наведува УСА тудеј“, кометата ќе биде најблиску до Сонцето наредната среда, на 12 декември, а до Земјата на 16 декември и ќе мине покрај нашата планета на оддалеченост од 11.265.408 километри.

Како што се наведува, кометата најверојатно ќе може да се види со голо око, но најдобро би било да се гледа низ двогледи и мали телескопи, посебно надвор од градовите.

Со оглед на тоа дека кометата неколку недели ќе минува покрај Земјата, научниците на НАСА ќе имаат можност детално да ја проучат.

Одделението за астрономија при Универзитетот во Мичиген соопштило дека нема шанси кометата да ја погоди Земјата.