Најкраткиот брак на светот: Се развеле по само 3 минути!

После извршувањето на должноста на матичарот и ставањето на потписи во документот, брачната двојка излегла надвор од општината, за да прослави. Меѓутоа, при излегувањето невестата се спрепнала.

634
Профимедиа

Во Кувајт неодамна бил склучен најкраткиот брак на светот, пренесуваат тамошните медиуми. Сè било многу неочекувано и набрзина, иако целиот настан почнал сосема нормално како секоја друга венчавка.

По извршувањето на должноста на матичарот и ставањето на потписите во документот, брачната двојка излегла надвор од општината, за да прослави. Меѓутоа, при излегувањето невестата се спрепнала.

Младоженецот можел да ѝ помогне, но можел и да молчи. Тој одбрал да ја исмева и да ѝ објаснува колку е глупава поради тоа што ѝ се случило.

Невестата во афект од бес и понижување, истата секунда побарала развод на лице место. Во брак биле само три минути.

Сè уште не е официјално дали матичарот ја прифатил нејзината молба, но оваа невеста на интернет има целосна поддршка.

„Ако така се однесува на почетокот на бракот, на што да се надеваш понатаму? Добро е што си го оставила“, напишала една интернет корисничка.

„Клучот до добриот брак е почит, а тој паднал на овој испит веднаш по венчавката“, напишала друга.