На творецот на ГМО бебињата му се заканува смртна казна

Хе, кој, од декември наводно се наоѓа во притвор во државен стан во Шенжен, би можел да се соочи со обвиненија за мито и корупција – злосторства, кои во неговата земја се казнуваат со смрт

208
Профимедиа

Колегите на кинескиот научник Хе Џианкуј, кој тврди дека создал генетски модифицирани близначки отпорни на вирусот на сида, тврдат дека му се заканува строга казна, па дури и смртна, поради истражувањата кои многумина ги сметаат за одвратни.

Хе, кој, од декември наводно се наоѓа во притвор во државен стан во Шенжен, би можел да се соочи со обвиненија за мито и корупција – злосторства, кои во неговата земја се казнуваат со смрт, пренесува „Дејли мејл“.
Професорот Робин Лавел-Беџ од лондонскиот институт „Френсис Крик” вели дека неколку луѓе во Кина се казнети со смртна казна поради корупција.
Истовремено, Вилијам Ни, истражувач кој се занимава со Кина при организацијата „Амнести интернешенел“, наведува дека Кина погубува повеќе луѓе од која и да е друга земја во светот, додека системот на смртната казна на таа земја е обвиткан со вел на тајна.
Се верува дека Хе е под постојан надзор на вооружени чувари откако добил смртни закани.
„Дејли мејл“ наведува дека Хе е физичар по професија, а не биолог, и дека тој не е доволно квалификуван или способен самостојно да го спроведе ГМО истражувањето.

Се верува дека тој го употребил сопственото богатство од 40 милиони фунти за финансирање на овој проект и дека приватно ангажирал висококвалификувани научници да го спроведат истражувањето за кое, инаку, малку се знае, освен дека со него ги прекршил сите правила и упатства за етиката и законитостата на полето на генетиката.

Професорот Лавел-Беџ вели дека кинескиот научник „всушност, верувал дека прави нешто добро и навистина важно за благосостојба на човештвото, иако сите му велеле дека не треба да го прави тоа“.
– Тука имаме физичар кој не се разбира многу во биологија, многу е богат, има огромно его и сака да биде прв во нешто што ќе го промени светот – така го опишува британскиот професор

Светот на научниците и пошироката јавност беа шокирани кога Хе Џианкуј објави видеоснимка на Јутјуб, во која тврди дека успешно создал генетски модифицирани близнаци бебиња.
Неговото контроверзно работење, кој му го донесе прекарот „кинески Франкештајн“, го осуди лекарската заедница, како и кинеските здравствени функционери, кои рекоа дека за овој експеримент ништо не знаат.