На српска водителка автобус ѝ ја откина раката! Лекарите прават сè да ја спасат! ФОТО

Како што дознава „Курир.рс“, водителката на ТВ Пинк Деа Ѓурѓевиќ во исклучително тешка состојба била префрлена на ВМА откако останала без рака на самото место на несреќата.

2104
Foto: Printscreen RTS, Printscreen Prva TV, Printscreen Pink TV, Printscreen Instagram

Младата српска ТВ-водителка Деа Ѓурѓевиќ е тешко повредена откако автобус на ГСП ѝ ја откинал раката на местото на тешката сообраќајна несреќа која се случила утрово околу 6 часот кај белградската болница „Д-р Драгиша Мишковиќ“.

Деа ја удрил еден од автобусите на ГСП кои се забиле во автомобилите, учесници на претходен судар меѓу кои како возач била и Деа. Во тешкиот верижен судар во кој водителката е повредена учествувале два ГСП автобуси и три автомобили.

Како што дознава „Курир.рс“, водителката на ТВ Пинк Деа Ѓурѓевиќ во исклучително тешка состојба била префрлена на ВМА откако останала без рака на самото место на несреќата.

Имено, кога првично дошло до сударот на патничките возила водителката, која била зад воланот, излегла од автомобилот за да провери со другиот возач и да ја утврди штетата. Во тој момент наишол автобус на ГСП кој налетал на водителката, ја удрил додека стоела на тротоарот и ѝ ја откинал раката.

Фото Принтскрин/Инстаграм

Партнерот на Деа, новинарот Младен Мијатовиќ, изјавил за „Курир.рс“:
– Се слушнав со неа, сè уште не сме се виделе. Навистина морам да кажам дека полицијата одлично си ја изврши работата, дека лекарите истото тоа го прават и се надеваме дека сè ќе биде во најдобар ред – рекол Мијатовиќ.

Деа итно била префрлена на ВМА, а откинатата рака лекарите „ја ставиле на мраз“ и на сите начини се обидуваат да ја спасат за да не остане без неа.