Mу украл добитно лото ливче на цимерот вредно 10 милиони долари

209

Човек во Калифорнија има 10 милиони причини зошто да го мрази својот цимер, а токму толку долари добил на лото ливчето кое неговиот цимер го украл. Во понеделникот, 35 годишниот Адул Саосонгјанг бил уапсен и обвинет за кражба.

Според полицијата неидентификуваниот маж купил лото ливче од 30 долари. Неговото ливче било добитно, а среќната вест тој ја споделил со неговите цимери. Следниот ден тој отишол во канцеларијата на Државната лотарија на Калифорнија за да го земе сцојот џекпот, но оттаму му рекле дека ливчето е недобитно. Тој се посомневал дека неговото ливче е украдено од страна на некој од цимерите и пријавил во полиција.

Следниот ден Саосонгјанг отишол во истата канцеларија за да го уновчи своето ливче, за кое излегло дека вреди 10 милиони долари.

Според законите, Државната лотарија пријавила во полиција и излегло дека Саосонгјанг не е добитник, па бил уапсен кога дошол да си ја „подигне“ наградата.

Од полицијата не се сигурни дали жртвата некогаш ќе ги земе 10 милиони долари.