Му се заканувала со нож бидејќи се пожалил дека испуштала многу гасови

390

Жена од Флорида се соочува со кривична пријава за напад со ладно оружје откако со нож се заканувала на човек во маркет кој се пожалил дека испуштила гласни гасови додека чекала ред за наплата.

Канцеларијата на Шерифот во Мајами, Флорида, пријавило дека триесет и седум годишната Шанета Ј. Вилсон испуштила гасови помеѓу луѓето кои чекале ред за наплата и со тоа вознемирила еден купувач, а потоа следувало жестока расправија помеѓу двајцата купувачи.

Вилсон, од нејзината чанта, извадила мал нож и се заканила дека ќе го исече, па тргнала да го нападне. Вилсон била притворена и против нејзе била поднесена кривична пријава за закана со смртоносно оружје без намера за убиство.