Монте торта: Рецепт кој не се пече

261
Профимедиа

Состојки:
Бисвкити
1 фил: 1 литар млеко, 100 г скробно брашно, 100 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 125 г путер
2 фил: 500 мл слатка павлака за шлаг, 200 г чоколада, малку рум

Подготовка:
На дното на помало тавче за печење наредете ги бисквитите па премачкајте ги со малку млеко помешано со рум.
За првиот фил ставете да се загрее млеко и додајте малку рум. Во друг сад измешајте шеќер и брашно со малку ладно млеко да добиете убава мека смеса. Кога млекото што го ставивте да се загрее почне да врие, додадете ја смесата со шеќер и брашно и мешајте на тивок оган околу две минути. Додајте го и путерот и убаво измешајте. Филот поставете го врз бисквитите во садот, па наредете пак бисквити.
За вториот фил на тивок оган загрејте ја павлаката во која сте измешале насецкана чоколада, кога чоколадата ќе се стопи филот нанесете го преку првиот фил, оставете да се излади и десертот е готов.