Момче продаде бубрег за да купи „ајфон“, а сега оди на дијализа ВИДЕО

Ксао на 17 години сметал дека еден бубрег ќе му биде доволен за живот, а лекарот кој го запознал пред операција му потврдил дека сè ќе биде во ред.

341
Јутјуб/Скриншот

Ксао Ванг имаше само 17 години кога одлучил да го продаде бубрегот за да купи телефон ајфон 4, бидејќи не можел да си го овозможи. По операцијата, лекарите му рекле дека ќе води нормален живот со само еден бубрег, но осум години подоцна 24-годишното момче е тешко болно и секој ден оди на дијализа.

Пред осум години, „ајфон 4“ бил статусен симбол во средното училиште на Ксао. Со оглед на тоа дека потекнува од сиромашно семејство кое не можело да му го купи телефонот, одлучил да го продаде својот бубрег.

Ванг стапил во контакт со луѓето кои се специјализирани за продажба на органи на црниот пазар. Тие договориле цена од 22.000 јени или 2.800 евра, што му биле повеќе од доволно за посакуваниот телефон.

Но, за жал таа одлука сосема му го уништи животот.

Ксао на 17 години сметал дека еден бубрег ќе му биде доволен за живот, а лекарот кој го запознал пред операција му потврдил дека сè ќе биде во ред. Процедурата била изведена во илегална болница, а иако тогаш се сметала за успешна, набрзо се појавиле компликации.

За жал, ординацијата не била дезинфицирана, што довело до инфекции на раната.

Што е уште полошо, семејството на Ванг не знаело за неговата операција и дознале дури тогаш кога веќе не можел да ги сокрива здравствените проблеми.

Бидејќи не се осудувал да им каже што направил, инфекцијата се проширила и на неговиот здрав бубрег, а до моментот кога семејството го одвела во болница штетата веќе била толку сериозна што единствениот начин за да остане жив е трајна дијализа.

Ксао Ванг оттогаш поголемиот дел од животот го поминал во болница и сосема зависи од апаратите кои го одржуваат во живот, но истовремено и значително го намалуваат неговиот животен век.

Откако дознале за операцијата, родителите на Ванг го пронашле посредникот и лекарот кој ја извршувал операцијата и покренале тужба. Тие добиле компензација од 2,2 милиони јени, од кои повеќето ги потрошиле за лекови и третмани.