Моден викенд Скопје стартува со колекцијата „Милион милји време“ на Лидија Георгиева

98
Фото - „Ани и Дими“

Со јубилејната колекција „Милион милји време“ на познатата дизајнерка Лидија Георгиева, на 1 ноември започна осумнаесеттиот Моден викенд Скопје, за првпат на ексклузивната локација „F.A.M.E.’S“.

По повод 20 години од создавањето на брендот Георгиева ја претстави роденденската колекција за која вели:

„Приказната се одвива во атмосфера на патување, целиот креативен процес и изработка се резултат на едногодишно континуирано патување низ Европа. Дел од моделите дури се работени во автомобил во движење, некаде низ континентот. Пробивањето на личните и општествените ѕидови и бариери, уживањето во неограниченоста, потрага по слободата, слобода на изразот и силното чувство на слобода кога патуваме се тема на колекцијата.“

Креациите ги содржат препознатливите елементи на изградениот стил на Георгиева – луксузни материјали, тантели, плетени дизајни, како и отпечатоци.

Фото – „Ани и Дими“

Силуетите се раскошни, боемски и елегантни, а во некои од нив се за првпат презентирани и дизајни од ексклузивната соработка со францускиот бренд Фејмс – колекција рачно плетени модели.

Моден викенд Скопје продолжува во „Скопје Мериот хотел“, инаку официјална локација на осумнаесеттиот Моден викенд Скопје, со модната инсталација и перформанс од финалниот дел на проектот #sustainabestorymk.
Моден викенд Скопје 2018 завршува на 4 ноември.