Минус 25 степени: Замрзнаа Нијагарините водопади ФОТО+ВИДЕО

Посетителите овие денови непрекинато објавуваат фотографии од неверојатните сцени, а изгледа како водопадот да удира во чистиот мраз.

247
Инстаграм/Принтскрин

Студениот бран кој го зафати североистокот на САД ги замрзна спектакуларните Нијагарини водопади.

Посетителите на водопадите ја искористиле можноста да забележат неверојатни фотографии од замрзнатата „водена сила“.

Посетителите овие денови непрекинато објавуваат фотографии од неверојатните сцени, а изгледа како водопадот да удира во чистиот мраз.

„Сонцето изгреа само на 15 минути, се замрзнав на минус 25 степени“, рекла една жена која ја фотографирала неверојатна замрзната сцена.

Метеоролозите велат дека ладното време ќе продолжи до крајот на неделата, а температурите ќе се движат околу минус 20 степени.