Меган Маркл носи фустан на „Х и М“ од 1.800 денари кој се распродаде за 24 часа! ФОТО

На настанот порано во текот на денот бремената војвотка се појавила во беж издание, изненадувајќи ги сите со изборот на облеката.

527
Профимедиа

Поминаа веќе осум месеци откако Меган Маркл стана членка на британското кралско семејство, но убавата војвотка и покрај бременоста ги извршува своите должности.

Откако го посети засолништето за животни Мејхеу – една од четирите добротворни организации чиј од неодамна покровител е 37-годишната војвотката од Сасекс, таа му се придружи на сопругот, принцот Хари, на забавниот спектакл во Ројал Алберт Хол кои го приредија танчарите на „Циркус на Сонцето“. Меган за таа прилика облекла свечена блескава тоалета со потпис на францускиот дизајнер Роланд Мурет а која чини 5.000 евра.

Меѓутоа, на настанот порано во текот на денот бремената војвотка се појавила во беж издание, изненадувајќи ги сите со изборот на облеката. Меган се појавила во беж тесен фустан на „Х и М“ чија цена е околу 30 евра, односно 1.800 денари.

Фото Профимедиа