Мечка влегла во полициска станица, одејки на две нозе

290

Во полициска станица во Калифорнија полицајците се изненадиле кога мечка, на две нозе си влегла во институцијата и се шетала наоколу како да работи внатре.

Еден од сообраќајните полицајци на Фејсбук напишал дека имале „неочекуван посетител“ предходната вечер во станицата. На видеото од сигурносните камери се гледа како мечката влегува во станицата и се шета околу автоматите за продажба на храна и потоа исчезнува. Неколку минути подоцна, мечката ноншалантно излегува од станицата.

Од полицијата велат дека тоа е нормално за ова доба од годината, мечките се во потрага по храна дваесет часа на ден бидејќи се подготвуваат за хибернација.