Маж се појавил на фестивал за Божик и се дерел „Дедо Мраз не постои“

58

 

Чуден настан ги вознемирил гостите кои присуствувале на фестивал за прослава на Божиќ во Флорида, откако маж се појавил со знак во рацете и се дерел „Дедо Мраз се постои“ со часови.

Мажот, кој остана неидентификуван, одлучил да упадне на „Фестивалот на светлото“ во Кејп Корал со голем знак и довикувал за тоа како родителите ги лажат нивните деца. Ведео од случката било снимено со мобилен телефон и било објавено на локална телевизија ВББХ-ТВ.

Неговите вресоци можеле да се слушнат кога децата чекале ред за да го видат Дедо Мраз. Благодарение на тоа тој го заслужил прекарот вистинскиот Гринч. Една од мајките кои присуствувале изјавила дека неколку деца плачеле кога ги слушнале врисоците на мажот, но за среќа повеќето биле премногу „зафатени“ за да обрнат внимание.

Полицијата на Кејп Корал, присуствувала на настанот, но за жал не можеле да превземат мерки против разгневениот маж, бидејќи, на тој начин, ќе го загрозеле неговото право на слободен говор. Според полицијата, единствен начин за да го сопрат би било ако тој употребувал мегафон.

Фестивалот на светлата е фестивал кој трае цел ден и е начин на прославување на Божиќ. Според нивната страна, фестивалот привлекува повеќе од дваесет илјади посетители.