Мамо, некој сака да ме убие! Ја повикала мајка си, а неколку дена подоцна е пронајдена мртва во црвен ковчег

Валери (24) веќе некое време живеела во Њујорк, но неодамна станала многу вознемирена. И рекла на мајката си дека некој се обидува да ја убие, но не споменала точно од што се плаши.

518

Неколку дена пред нејзиното тело да биде пронајдено во ковчег покрај патот во Конектикат во Америка, Валери Рејес панично и се јавила на мајка си тврдејќи дека некој сака да ја убие.

„Беше многу исплашена, звучеше многу исплашено“, рече нејзината мајка Норма Санчез.

Не кажала од кого се плаши.

Валери (24) веќе некое време живеела во Њујорк, но неодамна станала многу вознемирена. И рекла на мајката си дека некој се обидува да ја убие, но не споменала точно од што се плаши.

Група работници која работи на одржување на автопатот на 5 февруари го пронајде нејзиното тело во црвен ковчег. Ковчегот се наоѓал близу патот во градот Гринвич во Конектикат, оддалечен околу 22 километри од нејзиниот стан.

Полицијата спроведе истрага.