Макси фустаните и во есен/зима се неверојатно шик

198
Фото - Принтскрин/Инстаграм

Иако сезоната на лелеави фустани е зад нас, постојат неколку начини како долгите фустани може да се носат и кога надвор е многу студено.

Клучот е во слоевити комбинации, а лелеавите материјали, било дезенирани или еднобојни, лесно се комбинираат со плетена облека, капути, кожени јакни и бундички.

Макси фустаните се наијнтересни бидејќи на слоевитиот изглед му даваат комплетен впечаток кон кој жената постојано се стреми.

Без разлика дали претпочитате бохо стил или нешто поведри бои како и минималистички стил, инспирација може да се најде во следните комбинации: црно-бел фустан комбиниран со кратка црна бунда, фустан како ноќница со тенко џемперче под него и долг капут, кариран макси фустан со дебела бела ролка и рокерски чизми.