Макарони со туна и пармезан

Во голем сад зовријте вода во која сте додале малку сол и пригответе ги макароните според инструкциите на ќесата. Исцедете ги и оставете ги настрана.

168
Профимедиа

Состојки:
250 грама макарони
сол
1 лажица путер
1 лажица обичнo сeнаменско брашно
1/2 чаша млеко
3 јајца
кромид (по вкус)
1/2 лажичка црвен пипер
сок од цеден лимон
250 грама туна
1/4 шолја кашкавал (рендан)
магдонос
пармезан

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.
Во голем сад зовријте вода во која сте додале малку сол и пригответе ги макароните според инструкциите на ќесата. Исцедете ги и оставете ги настрана.
Ставете го путерот во загреана тава. Откако ќе се растопи, постепено додавајте го брашното и пропржете го 2-4 минути.
Тргнете ја смесата од огнот и постепено додавајте го млекото, постојано мешајќи додека не се згусне.
Додајте го кромидот и претходно изматените јајца. Зачинете со сол (по вкус), црвен пипер и сокот од лимон. Истурете ја смесата врз ренданиот кашкавал.
Измешајте ја целата смеса со туната и варените макарони и оставете ја на тивок оган околу 5 минути.
Печете во рерна околу 20 минути.
Ставете во чинија за сервирање, поросете со пармезан и украсете со магдонос.