Лист од зелка го смирува ишијасот

Измијте го листот зелка и малку проварете го во вода, па додека е сè уште топол, ставете го на болното место и држете додека сосема не се излади.

289
Профимедиа

Студот умее да ја покрене старата болест – болките во грбот или да предизвика ишијас кој порано не ве мачел. Доколку тоа ви се случи, а немате ништо друго при рака што би можело да ви ги олесни маките, земете лист зелка.

Измијте го листот зелка и малку проварете го во вода, па додека е сè уште топол, ставете го на болното место и држете додека сосема не се излади. Најдобро е да стои во текот на целата ноќ, а потоа наутро да го повторите третманот. Можете и така измиен да со исечете, да го израмните со шише или сукало, па да го ставите на болното место, да го покриете со пелена или со памучна крпа и да го прицврстите со завој.

Важно е три пати дневно да ги менувате облозите, за ефектот да биде вистински. Зелката на ист начин се користи и кај проблемите со проширените вени, раните, чировите и мигрената.