Лекарите потврдија: Чоколадата лекува кашлица подобро од сируп

Oва не е првпат да се зборува за чоколадата како за лек. Пред неколку години на еден лондонски универзитет откриле дека какаото има поголемо влијание на лекувањето на кашлицата отколку сирупите.

390
Профимедиа

Неколку лекари ја потврдиле теоријата за тоа дека чоколадата подобро помага во отстранувањето на проблемите со дишењето и проблемите со кашлањето отколку сирупот.

Докторот за кардиоваскуларни и респираторни болести Алин Морис, зборувал за „Сан“ и објаснил зошто тој верува во теоријата со чоколадата.
Тој вели дека спровел истражување во кое учесниците почувствувале значајна разлика во дишењето и намалувањето на интензитетот на кашлањето, откако јаделе чоколада неколку денa по ред.

Меѓутоа, ова не е првпат да се зборува за чоколадата како за лек. Пред неколку години на еден лондонски универзитет откриле дека какаото има поголемо влијание на лекувањето на кашлицата отколку сирупите.

– Постојат две причини зошто чоколадата може да ги намали тегобите во грлото. Првата можност е фактот дека чоколадата, како и медот, формира заштитен слој во грлото, па тоа на тој начин помалку иритира и предизвикува помалку кашлање.

Втората теорија е дека чоколадата содржи состојка која се нарекува теобромин, а која ја запира кашлицата – рекол Морис.

Во заклучокот на истражувањето се наведува дека чоколадата ги смирува завршетоците на нервите кои го иритираат грлото и предизвикуваат кашлица и дека затоа треба да се консумира кај воспаление на грлото или изиритираноста.