Лајза Минели ги продава костимите од „Кабаре“

109

Американската актерка и пејачка, добитничка на Оскар и награда Тони, продава повеќе од 1.000 свои предмети како дел од аукцијата „Со љубов, Лајза“.

Голем дел од предметите ќе бидат изложени од 4 април во Центарот за медиуми во Беверли Хилс, пред да одат на аукција.

– Во мојата долга кариера собрав прекрасни предмети и сувенири, а сега достигнав до точка во мојот живот кога сакам да ги споделам со моите обожаватели, кои секогаш беа тука за мене. Без нивната љубов и поддршка, ништо од ова немаше да биде возможно. Се надевам моите обожаватели ќе се воодушеват не само што ќе имаат шанса да поседуваат парче од мојата историја, туку и од моите мајка и татко – изјавила 71-годишата Минели.

На продажба ќе бидат ставени лични предмети на актерката, наметки, костими од „Кабаре“ и предмети од нејзините познати родители, Џуди Гарланд и Винсент Минели.