Квински Џонс без влакна на јазикот – Трамп им кажува на необразованите сељачишта што сакаат да слушнат

316

Квинси Џонс од секогаш важел за галантен, софистициран и неверојатно добро поврзан во Холивуд.

Во своето интервју за магазинот „Vulture“, познатиот продуцент, актер, аранжер, композитор, музичар, телевизиски продуцент, филмски продуцент, инструменталист, бизнисмен и хуманитарец, зборува за речиси се големо што мрдало на музичката, филмската и политичката сцена во последните 50 години, Мајкл Џексон, Битлси, Марлон Брандо…

ЗА МАЈКЛ ЏЕКСОН

– Мразам да го кажувам ова во јавност, но Мајкл украде многу работи, украде многу песни. „Стејт оф Индепенденс“ и „Били Џин“. Алчност човече, алчност. За песната „Донт стап ‘тил ју гет енаф“ Грег Филингенс напиша цела една секција. Мајкл требаше да му даде 10 отсто од заработката на песната, но не го стори тоа.
Надвор од музиката, многу го зафркавав за неговите пластични хирургии, тој само се правдаше дека прави пластични операции поради некакви болести што ги имал, но нема врска тоа.
Мајкл имаше некој проблем со својот изглед, татко му му имаше кажано дека е грд и го имаше злоставувано, што да очекуваш после тоа?
На крај неговиот проблем беа таблетите Пропофолот и тој проблем може да го има секој, без разлика дали е познат или не.

ЗА КЛИНТОНОВИ

Поминав осум години околу Белата Куќа кога беа Клинтонови таму, многу големо влијание имаат големите фармацeвтски куќи таму, не е зафрканција тоа човече.
Многумина не ја сакаат Хилари поради нејзината особина за чување тајни, кога чуваш тајни, тие ви се одбиваат од глава.

КОЈ ГО УБИ КЕНЕДИ!?

Ако нешто би сакал да не го знам, тоа е одговорот на прашањето кој го уби Џон Кенеди.
Чикашката мафија Џиакана, таму поврзаноста беше помеѓу Синатра, Мафијата и Кенеди. Џо Кенеди, тој беше лош човек, му отиде на Френк да го убеди да зборува со Џиакана за собирање гласови во Илиноис.

ЗА ЏИМИ ХЕНДРИКС

Џими отиде на Вудсток и ја уништи националната химна. Требаше да свири на мојот албум, но се уплаши. Беше уплашен да свири со Тутс Тиелманс, Херби Ханкок, Хуберт Лоус, Роланд Кирк, тоа се страшни луѓе. Тутс беше еден од најдобрите солисти што некогаш живеел.

ЗА БИТЛСИ

Мојот прв впечаток за нив беше дека тие се едни од најлошите музичари во светот. Пол беше најужасниот басист што сум го слушнал некогаш. Паметам, еднаш бевме во студио со Џорџ Мартин, и Ринго три часа се обидуваше да фати четири такта на тапаните за да скоцка една песна. Му рековме, „човече, оди земи пиво со лимон, малку пита и земи едно саат, саат ипол пауза, релаксирај се“. Тој тоа и го стори, ние го викнавме Рони Верел, џез тапанар. Рони дојде за 15 минути и растури. Ринго доаѓа подоцна и вели „Џорџ, може уште еднаш да ја пуштиш песната“, Џорџ ја пушта и Ринго вели, „па тоа не е толку лошо“, а јас му велам „Секако дека не е лошо, бидејќи тоа не си ти“. Во суштина, одличен дечко.

ЗА ПОЛ АЛЕН (основачот на Мајкрософт)

Тој човек пее и свири исто како Хендрикс. Бевме на патување на неговата јахта, јас, Дејвид Крозби, Џо Валш, Син Ленон, сите лудаци. Последните два дена доаѓа Стиви Вондер со неговиот бенд и го натера Пол да свири со него, човекот растури.

ЗА ТРАМП

Трамп им кажува на необразованите сељачишта што сакаат да слушнат човече. Се дружев со него. Ментално ограничен, магаломанијак, нарцис. Не можам да го трпам, инаку порано излегував со Иванка. Тоа беше пред 12 години. Томи Хилфингер, кој работеше со ќерка ми, Кидада, ми рече „Иванка сака да те води на вечера“, јас само одговорив: „Нема проблем, добра е“. Најубави нозе што сум ги видел некогаш во мојот живот.
Трамп нема појма од водење бизнис, прав лидер никогаш не би имал толку многу луѓе што не го сакаат, тој е идиот.

ЗА U2

[На прашањето дали U2 се уште прават добра музика, Квинси Џонс одмавнал со главата].
Го сакам Боно со целото мое срце, али има премногу притисок врз бендот. Тој прави добра работа низ целиот свет. Работата со него и Боб Гелдоф што ја правевме кога помагавме на неразвиените земји да го намалат својот долг, беше една од најдобрите работи што некогаш сум ги направил заедно со проектот „We are the world“.

ЗА КОЛТРЕЈН

Секогаш кога го сретнував Колтрејн тој ја носеше книгата на Николас Слонимски. Се што има свирено Колтрејн е богатство. Во таа книга на Слонимски е дванаесет тонскиот пример, „Големите чекори“. Сите мислат дека Котрејн го напишал тоа, но не е точно, тоа е дело на Слонимски. Таа книга ја започна импровизацијата на џезерите со дванаесетте тона. Колтрејн ја носеше таа книга додека страниците не и се распаднаа.

ЗА МАРЛОН БРАНДО

Обожаваше да игра ча-ча-ча со нас. Тој беше најшармантниот тип што некогаш го имам запознаено, има секс со се, тој ќе легнеше и со поштенско сандаче. Спиеше со Џејмс Болдвин, Ричард Прајор, Марвин Гај, не се замараше.

ЗА СВОЈАТА МАЈКА

Цело време мислам на нејзе, умре во душевна болница. Брилијантна жена, но никогаш не ја доби помошта што и требаше. Нејзината деменција можеше да биде излечена со витамин Б, но не можеше да ја добие, бидејќи беше црна. Жалам што не бев поблизок со нејзе.