Кутија пури на Кастро продадени за 22.000 евра

Кутија пури на Кастро продадени за 22.000 евра

107
SHARE
Фото: printscreen youtube

Кутија со пури од личната колекција на Фидел Кастро, е продадена за скоро 22.000 евра на аукција во Бостон.

Во кутијата од дрво имало 24 рачно направени пури, а на неа стоел и потпис на покојниот лидер на Куба со сино мастило. Кутијата, во 2002 година Кастро и ја дал на Ева Халер, филантроп. Кутијата била продадена заедно со фотографија од Фидел.

– Кастро ми ја даде кутијата кога јас на шега ја побарав од него, додека другите палеа пури.Му реков дека ако ми ја даде и ја потпише, ќе ја продадам и ќе заработам многу пари. Тоа му беше интересно – раскажала Ева.

Тринидад пурите беа дел од имиџот на Кастро и долго време кубанската влада ги користеше како подарок за странски лидери.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY