Куглоф од костени

Измешајте ги пирето од костени, слатката павлака и млекото. Пенесто изматете го путерот со шеќерот, додавајте ги јајцата едно по едно.

79
Инстаграм/Принтскрин

Состојки:
125 г путер
150 г шеќер
3 јајца
300 г пченично брашно
50 г мелени бадеми
200 мл млеко
150 мл слатка павлака
250 г пире од костени
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
1 лажичка цимет
50 г темна чоколада

Подготовка:
Измешајте ги пирето од костени, слатката павлака и млекото. Пенесто изматете го путерот со шеќерот, додавајте ги јајцата едно по едно, а потоа во смесата рачно додавајте го брашното, ванилиниот шеќер, прашокот за пециво, циметот, мелените бадеми и пирето од костени со млеко и павлака.
Добро измешајте ги состојките и разлејте ги во калапче коешто претходно сте го премачкале со путер и сте го наросиле со презла или брашно.
Во кугловот додадете исечкана темна чоколада, промешајте со лажица и ставете го кугловот да се пече. Печете околу 50 минути, во рерна загреана на 180 степени. Испечениот куглоф најпрво почекајте добро да се излади, а потоа може да го декорирате по желба, на пример со шеќер во прав, какао или стопенa чоколадa.